ГАРАНТНИ УСЛОВИ
Секој купен производ подлежи на одреден гарантен период, за што купувачот добива гарантен лист во кои се содржани гарантните услови за производот на кои купувачот задолжително ќе се придржува.
Инсталацијата/монтажата на производот задолжително мора да е извршена од овластен/професионален центар за монтажа и сервис.
Гарантниот лист мора да е заверен од професионален сервисен центар.
Гарантниот рок започнува да тече од датумот наведен во Гарантниот лист или од датумот на документот за купопродажба.
Гаранцијата ја губи важноста во следниве случаи:
При поднесување на рекламација потрошувачот е должен да достави заверен Гарантен Лист кој ја содржи пропишаната содржина заедно со фискалната сметка за производот или издадената фактура. Рекламации не се прифаќаат кога фабричкиот број на производот не може да се прочита или недостасува, освен во случаите кога тоа е направено од производителот.
Ако поради горенаведените причини настанат дефекти и оштетувања, сервисирањето е на сметка на потрошувачот, дури и кога истото се врши за времетраењето на гарантниот рок.
За производи кои се купени и инсталирани, а се фабрички исправни, потрошувачот неможе да бара замена ниту рефундирање на уплатените средства.
Поврат на парични средства, може да го оствари само доколку се утврди дека производот е фабрички неисправен и нефункционален, а нема соодветна замена. Во тој случај може да се рефундираат уплатените средстава со приложен доказ за купопродажба во период од 3 дена од приемот на производот, а производот и пакувањето да немаат физички оштетувања.
За повеќе информации обратете се на:
e-store@klimamarket.mk или на телефонскиот број 075/300-931; 075/300-932